Од татковците музичари за нивните деца
Сите го слушнаа плачот на новороденчето на Џеј Зи благодарение на песната што среќниот татко ја пушти во етер веднаш штом Бијонсе се породи.
Ова не е единствен пример што покажува колку е инспиративна татковската љубов кај славните музичари.
Coldplay супер звучат зезајќи се претворени во нов бенд, The Nappies, додека Крис Мартин пее I am your Baby's Daddy, посветена на Гвинет и нивната ќеркичка Apple. Внимателно слушајте го текстот! :)
And I know that you'll be grumpy, that's what everyone says
and you're not going to hump me for 43 days
If you don't want more babies and you cannot disguise it,
Then I'll take my cock and vasectimize it
Најубавото наследство што музичар може да го остави за своето дете е песна како прекрасната Beautiful Boy која Џон Ленон ја напиша за својот син Шон.
По тешката сообраќајна несреќа Јелена Балашевиќ можеше да ја спаси само чудо. Ѓорѓе Балашевиќ кој постојано бдееше над своето дете ѝ ја напиша Наопака бајка пеејќи ѝ bićeš ti majka majkama, а Јелена за среќа се разбуди од кома и по извесно време сосема се опорави. Понекогаш љубовта навистина е чудото кое може да нѐ спаси!
Лени Кравиц ја напишал Zoe's Lullaby за својата ќеркичка во 1988 година, а со новиот наслов Flowers for Zoe, песната стана хит во 1991 и им послужи како инспирација на многу парови кои своите деца ги крстија Зои. Тоа е проблем што Крис Мартин и Гвинет Палтроу никогаш го немале :)
Песната Glory е потпишана од Jay-Z featuring B.I.C. Иницијалите се на Blue Ivy Carter, ќеркичката на Бијонсе и раперот. Џеј Зи го вметна плачот на новороденчето при крај на песната во која изнесува многу лични детали, како на пример дека Ајви била зачната во Париз.
Били Џоел ја напишал Lullabye (Goodnight, My Angel) за својата ќерка Алекса.
Мајли Сајрус имаше песна напишана само за неа уште пред да стане ѕвезда. Били Реј Сајрус ја искажа својата љубов кон ќерката во Ready, Set, Don't Go