Мартија, Антониа и Елена продолжуваат во финалето - Која ќе го освои „Пинкови ѕвездички“?
15 ѕвездички се натпреваруваа пред жирито и публиката во втората полуфинална вечер од најгледаното музичко натпреварување за деца, „Пинкови ѕвездички“.
Во живо тие настапија со поединечни точки и освоија доволно гласови за да се пласираат во финалето, а наместо два натпреварувачи, од кругот излезе само една натпреварувачка – Ања Јестровиќ.
Нашите натпреварувачки продолжуваат и понатаму во финалето:
Мартија Станонојковиќ за второто полуфинале ја одбра песната „Uncover“.
„Горд сум што имав можност да соработувам со тебе“ – изјави Марко Кон кој работеше со натпреварувачите зад сцените.
„Прво најдобра си, второ најдобра си и трето, најдобра си“ – изјави Милан.
„Уморен сум бидејќи повеќе немам што да кажам. Ова е за пофалба. Најдобра си, ете!“ – беше краток Хари.
Леонтина и понатаму смета дека Мартија заслужува да биде светска ѕвезда:
Антониа Гиговска настапи 13-та по ред и ја одбра песната „Resentement“ на Бијонсе.
Успеа да ја расплаче целата публика, а жирито го пофали нејзиниот глас и тоа што секогаш делува сигурно на сцената.
„Многу степени над другите. Ти си зрела пејачка, многу отскокнуваш од останатите натпреварувачи“ – изјави Хари.
И Елена Бимбилоска настапи со песна на Бијонсе – „Crazy in Love“ за која жирито коментираше дека за време на натпреварувањето таа многу напредувала и ги слушала сите нивни совети.
Н. Г. | Црнобело