Погледнете го новиот спот на Тамара за „Брод што тоне“
Иако не беше победничка, „Брод што тоне“ беше една од најубавите балади на овогодинешниот „Скопски фестивал“.
Тамара доби уште еден емотивен хит за кој деновиве го сними и видео записот.
Без премногу сцени и дејства, сè е концентрирано на изведбата на песната преку танцот на сенки и во придружба на пијано на кое свири Тамара.
Доловени се сите емоции преку движењата на балетските уметници од МОБ според кореографијата на Олга Панго.
Спотот е снимен е во новата зграда на МНТ во режија и монтажа на Горан Костадинов. Директор на фотографија е Александар Крстевски, а целото видео е во продукција на Горила Филмс.
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Рај за очите на дамите: Познати мажи со мускулести тела
Пејачите Иван Јованов, Стефан Некст Тајм и актерот Жарко Димоски оваа година ќе ...
-->