Во духот на евергрините: Ќе дојдеш ли на радеву?
Постарите ќе се сетат, а младите ќе ги пренесат на следните генерации кои доаѓаат.
Во последно време сме сведоци на одличните преработки на овие стари евергрини за кои без двоумење ќе речеме дека се голем бисер и богатство на културата на нашата земја. Можеби токму затоа за евергрините се вели дека се “нешто што ќе остане”.
Во продолжение, слушнете како звучеа овие хитови во оргиналната верзија и изведба.
1. Дали ќе дојде на рандеву? Прашањето кое си го поставуваше низ прекрасна мелодија, едната и единствена Катица Џаконовска.
2. Бисерниот глас на Бисера Велетанлиќ, на мерачки начин ја испеа “Да си мерак песна”, мелем за душа и уши.
3. Зачекорете низ “Сребрени улици” во изведба на заводливата Маја Оџаклиевска.
4. Ветената љубов на Диме Поповски, со звуци кои разнежнуваат - “Девојко љубов, ми вети ти”
5. Песната без која не се може, во изведба на Никола Автовски “Кажи зошто ме остави?”
Кој е вашиот фаворит од овие стари, македонски бисери?