Нова балада од Брејк – „Болиш“ (аудио)
Повеќето песни на Дарко Гелев – Брејк се евергрини кои колку и да се стари сè уште се пеат и се преработуваат.
Вистински хитови со длабоки емоции во кои секој барем еднаш се пронашол.
По долга пауза и на барање на публиката, Брејк конечно се реши да ја израдува македонската публика и музичката сцена со нова балада.
Во стил на веќе познатите негови балади, ова е уште една која колку и да е слична со претходните, сепак допира на поинаков начин.
Снимена е во студиото „Торус“ на Александар Митевски во придружба на врвни музичари, Симон Киселички – пијано, Бобан Василевски – гитара, Трајко Симоновски-Таци – бас, Далибор Грубачевиќ (Хрватска) – оркестрација, 4 Strings – гудачки квартет и Бобан Апостолов (LoopsLab) – пост-продукција.
Со моќен текст, нежна музика и одлична изведба, баладата „Болиш“ ветува дека ќе биде уште еден негов хит.