Васил Гарванлиев ја објави евровизиската песна – „Here I Stand“ нема да ве остави рамнодушни
После една откажана Евровизија, Васил Гарванлиев повторно беше избран да нè претставува на популарниот музички натпревар, а сега конечно имаме можност да ја слушнеме неговата песна.
Васил Гарванлиев првпат застана на евровизиската сцена во 2019-та, како придружен вокал на Тамара Тодевска, а неговиот талент не остана незабележан. Минатата година тој требаше да ја претставува Македонија на Евровизија, со песната „You“, но како и многу други нешта, и овој настан беше откажан поради пандемијата.
Оваа година талентираниот пејач доби уште една можност – тој ќе нè претставува на овогодишната Евровизија, која ќе се одржи во Ротердам. Сега, конечно можеме да ја слушнеме неговата евровизиска песна.
Песната е насловена „Here I Stand“, а автор е самиот Васил. Тој вели дека ја напишал во еден здив, не ни помислувајќи за каде и за кого ја пишува.
„Веројатно тие се оние ретки моменти кога ќе се споите сами со себе и ќе оставите вашата емоција да ве понесе без да ја ’осудите‘, туку ја оставате да истече од вас во најискрената форма. Особено сум горд што ја имам можноста со автобиографска песна да ја претставам Македонија на Евровизија.
Велат дека секој човек си носи барем една песна во себе, 'Here I Stand' е мојата песна што едвај чекам да ја запеам на сцена!“, изјави пејачот кога ги соопшти вестите дека добил уште една шанса.
Слушнете што ни подготвил Васил за Евровизија:
https://www.youtube.com/watch?v=HbXczPgRI7Y
Погледнете го и нашето интервју со Васил од минатата година: Видео интервју со Васил Гарванлиев: „Ќе имаме најлуда најава на Евровизија, на сцена песната ќе звучи поинаку“
Спирова С. | Црнобело / Фото: Instagram