Како Балашевиќ се инспирирал да ја напише антологиската „Јесен стиже Дуњо моја“?
Стиховите на Ѓорѓе Балашевиќ веќе децении наназад им даваат инспирација и утеха на многу луѓе. Но, малку познато е како се родила неговата култна песна „Јесен стиже Дуњо моја“.
Снимена е во далечната 1983 година, што значи дека 37 години уживаме во бесмртните стихови на Балашевиќ, кои особено добро (и сосема логично) ни легнуваат на есен.
После речиси 4 децении е откриена тајната како настанале стиховите на оваа песна, кој е „другарот до гроб“ и како се стекнал со „хроничното воспаление на зглобот“.
„Панонскиот морнар“ во едно интервју открил неколку детали за песната, признавајќи дека одредени стихови се засновани на вистински настани.
Неговиот другар од војска е од Будва, токму оној за кого пее во песната. Ниту хронично воспалениот зглоб не е никаква измислица, туку чиста вистина.
Балашевиќ тогаш изјавил дека доволно е тоа што стареат, па постојат малку пригоди на кои може да се поканат еден со друг. Далеку зад нив се свадбите, крштевките, првите детски родендени и одбраната на дипломските трудови.
Сепак, ниту збор за девојката во песната. Некои работи остануваат тајна, нели? Но, оние стихови и приказни засновани на вистини се некако најубави, нели?
Слушнете ја култната „Јесен стиже Дуњо моја“:
(О)Милена | Црнобело