Интервју со Полина Тасева - ново лице кое носи свежина на македонската музичка сцена

intervju-so-polina-taseva-novo-lice-koe-nosi-svezhina-na-makedonskata-muzichka-scena-01.JPG

Полина Тасева е ново лице кое носи свежина на македонската музичка сцена. 

Во разговор за CRNOBELO.com таа открива:

Како се роди љубовта кон оперското пеење?

Љубовта се создаде уште одамна кога родителите ме упатуваа во класичната музика што понатака заедно посетувавме оперски претстави и филхармониски концерти. Мајка ми секогаш ми ги раскажуваше чиновите додека оперските пеачи и ансамблот настапуваа на големата сцена. Сето тоа започна од најмали години додека самата не изразив желба да продолжам од нижо да се запишам во средното музичко училиште, отсек оперско пеење. Потоа на академија и магистерски студии по оперско пеење.

intervju-so-polina-taseva-novo-lice-koe-nosi-svezhina-na-makedonskata-muzichka-scena-04.JPG

Обично велат дека крушата под круша паѓа. Дали некој во твоето семејство се занимава со музика?

Така велат.  Кај мене тоа било вистина. Мојот татко е флејтист кој од неодамна се пензионираше од воениот оркестар, а морам да споменам дека и мојата мајка е неверојатно музикална. Се си е поврзано.

Со која македонска оперска пејачка би сакала да се најдеш на иста сцена и зошто?

Кај нас има многу успешни оперски пејачки, со тоа што сум ги следела изминативе години и знам дека се одлични, затоа би сакала со кој било од нив да застанам на големата сцена.

intervju-so-polina-taseva-novo-lice-koe-nosi-svezhina-na-makedonskata-muzichka-scena-02.jpg

Можеш ли да ни опишеш како изгледа денот на една оперска пејачка?

Секако. Пред сè добар организиран ден со витаминско смути и топло кафе. Потоа се води денот по запишаните обврски што како за еден музичар знаат да бидат шарени. Исто така деновите секогаш се исполнети со музика, дали слушање или учење на композиции и песни … Најважно има добра хармонија.

Кога сме кај настапите, што од оперското пеење успеа да изреализираш на професионално поле?

Овие години студирајќи оперско пеење за моја среќа имав шанса да настапам на оперската сцена. После дипломирањето поминав на аудиција за главна улога во операта „Рита“ од композиторот Доницети. Потоа следеа детски претстави, турнеја низ Македонија со друга оперета и воедно настапував на големата сцена со хорот на Македонската опера и балет.

intervju-so-polina-taseva-novo-lice-koe-nosi-svezhina-na-makedonskata-muzichka-scena-03.JPG

Кој град е најголемиот сон за остварување настап на една оперска пејачка?

Веднаш би ги набројала светските метрополи со своите оперски куќи како Метрополитен во Њујорк, Болшои театар во Москва, Виенската штацопера и ред други.

Дали секој може да биде оперски пејач? Со какви предизвици се носеше досега?

Факт е дека трудот и желбата се клучни. Иако талентот е само дар, главен двигател се работата и упорноста за остварување на целта што ја имаме пред себе. Моите предизвици беа доволно силни да никогаш не се откажам од оперското пеење.

Во 2018 година во соработка со Томи Тасев ја извадивте песната „Broken“ и со тоа некако се претстави пред публиката и го определи правецот на музицирање на англиски јазик. Која беше причината по две години пауза да се вратиш со македонска песна?

Правецот во забавната музика е затоа што отсекогаш сум сакала да пеам и забавна музика. Затоа тогаш, а и сега после две години не ме спречи ништо да креативноста и создавањето мелодии не се преточат во забавна песна. Од „Broken“ сега „Игра“ кажува за мене.

intervju-so-polina-taseva-novo-lice-koe-nosi-svezhina-na-makedonskata-muzichka-scena-05.JPG

Постепено влегуваш на забавната сцена. Дали тоа значи дека операта ја оставаш зад себе?

Операта е засекогаш моја сакана професија, љубов и определба, што не значи дека не се може да се балансира во двата жанрови.

Од неодамна излезе твојата прва авторска песна насловена како „Игра“. Кој е тимот кој работеше на неа?

Во тимот сме јас и Иван Петровски зад музиката и текстот. Иван се посвети целосно на аранжманот, Роберт Билбилов е врвен продуцент што песната ја направи магична, а Владислав Гавриловски го сними и обработи видео записот.

На кои локации се снимаше видео записот?

Сите сцени во спотот се снимени на една локација. Во стара куќа која функционира како Галерија што се наоѓа во Дебар Маало.

Дали во блиска иднина можеме да очекуваме уште некое ново музичко парче од тебе?

Може да очекувате, бидејќи наскоро ќе ме видите на една од препознатливите и реномирани фестивалски сцени, а со тоа доаѓа и ново музичко дело.

Слушнете ја првата авторска песна на Полина Тасева, насловена како „Игра“:

Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
Спотот на Ламбе Алабаковски за преработката на „Дејгиди луди млади години“ Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верз...
"Живее спомен" - новата песна и видео запис на Тамара Волческа На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нов...
„ЗОРА” - ново парче модерна македонска музка од ДААН во соработка со К.Ј од дуото Како Браќа Во саботата на 21ви Септември ДААН го промовираше својот најнов сингл со наслов ...
Шлолските другри се споија и направија музичка уметност: Слаткар и Некст Тајм ја објавија „Океани” (... Се познаваат повеќе од 30 години, ги делеле школските клупи, заедно пораснаа на ...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg