„Растура“ на сцена и кога ја канат неочекувано – Каролина и Амира Медуњанин ја пеат „Македонско девојче“
„Како што може да видите, не очекував да се појавам во улога на изведувач вечерта“ – напиша Каролина на видеото кое го објави од настапот во Хераклеја на кој беше неочекувано поканета од Медуњанин и ја отпеа „Македонско девојче“.
На прекрасниот концерт на Амира Медуњанин кој се одржа во Хераклеја, Каролина Гочева беше неочекувано поканета на сцена за заедно да отпеат неколку песни пред публиката во нејзиниот роден град Битола.
На социјалните мрежи Каролина објави видео и фотки од изведбата на „Македонско девојче“ заедно со босанската пејачка на сцена.
„Завчера во Хераклеа Амира Медуњанин ме повика на сцена заедно да отпееме неколку песни ❤ Како што може да видите, не очекував да се појавам во улога на изведувач вечерта. Амира, прекрасно беше, те чекаме пак!“ – напиша таа на објавата.
Погледнете ја прекрасната изведба на „Македонско девојче“:
М. М. | Црнобело / фото: Ивона Кочов