Од срцето на „ранетиот“ град – Велигденскиот концерт на Андреа Бочели од празната Миланска катедрала
Оваа година Велигден за првпат се слави од домовите, а Андреа Бочели одржа емотивен концерт во празната Миланска катедрала.
Католичкиот Велигден верниците во Италија го прославија од домовите, заради карантинот и строгите правила за социјална дистанца, но градот Милано и Миланската катедрала им овозможија на сите ширум светот да уживаат во виртуелен велигденски концерт на Андреа Бочели.
Италијанскиот оперски пеач пееше во празната катедрала во Милано, а илјадници фанови ширум светот уживаа во виртуелниот концерт.
„Чест ми е да ја прифатам поканата на Градот и Миланската катедрала. Верувам во моќта на заедничкото молење, верувам во христијанскиот Велигден, универзален симбол на повторно раѓање, кој на секого, независно дали е верник или не, сега му е потребен.“ – изјави Бочели минатата недела.
Вечерва, верниците, но и сите останати, имаа можност да уживаат во моќната и емотивна изведба на Бочели од празната Миланска катедрала.
Погледнете го велигденскиот концерт „Музика за надеж“: