Предлог: 10 најголеми хитови на Ерос Рамацоти за целосно уживање
Ерос Валтер Лучијано Рамацоти е италијански поп-рок музичар, пејач и текстописец.
Роден е на 28 октомври, 1963 година, во Рим.
Ерос важи за една од најголемите светски пејачки ѕвезди, екстремно е прочуен во родната Италија и повеќето европски земји, особено Шпанија, бидејќи неговите албуми се снимени на овие два јазика.
Со вкупно единаесет студиски албуми, три компилации и еден мини-албум, тој има продадено над 60 милиони плочи во текот на својата триесет-годишна кариера.
Неговото долгогодишно музичко творештво вклучува извонредни ремек-дела со Шер, Тина Тарнер, Андреа Бочели, Џо Кoкeр, Никол Шерцингер, Рики Мартин.
Ерос објави своја автобиографија на 13 април 2006 година.
Овој маестрален пејач се здоби со многу награди во текот на неговата кариера, како низ Италија, така и ширум целиот свет.
„Најдобар италијански уметник“ добиена трипати, „Најдобар италијански поп-рок уметник“ на Светските музички награди, како и вкупно шест „Echo“ награди во категоријата „Уметник на годината“.
Публиката го обожава поради неговиот уникатен и карактеристичен глас, како и енергичните изведби каде ги изведува своите мелодични песни, вклучувајќи ги и неговите автобиографски балади со призвуци на рок музика.
Во продолжение ви издвојуваме 10 од неговите најголеми хитови кои навистина умеат да нѐ опуштат: