Славната шминкерка Ники ќе ја води Евровизија 2020 што ќе се одржи во Ротердам
Ники Ди Јагер, позната уште како NikkieTutorials на YouTube, на својот Инстаграм профил соопшти дека е дел од водителскиот тим, односно онлајн презентерот на овогодишното издание на Евровизија 2020 кое ќе се одржи во Ротердам, Холандија.
25-годишната холандска шминкерка позната по своите неверојатни трансформации е едно од најпознатите лица во светот на убавината, а нејзиниот YouTube канал го следат над 13 милиони обожаватели.
Досега има соработувано со многу познати лица како Ким Кардашијан, Лејди Гага, Меган Трејнор, но она што најмногу ѝ го привлече вниманието на публиката е видеото коешто таа го објави на 13 јануари оваа година.
Во него Ники призна дека е трансродово лице, споделувајќи интимни детали од својот живот со публиката, откако претходно кажа дека била уценувана со овие информации. Токму поради овие причини решила да не дозволи да биде уценувана и да ја сподели вистината за себе.
Од тој момент досега видеото има над 33 милиони прегледи, а Ники гостуваше и во шоуто на Елен ДеЏенерис со својата инспиративна приказна. Ники „тежи“ неверојатни 6 милиони долари, а има соработувано и со познати брендови од светот на декоративната козметика.
65-тото издание на Евровизија ќе се одржи во Ротердам, со две полуфинални вечери на 12 и 14 мај како и големото финале закажано за 16 мај. Со нетрпение очекуваме да ја видиме Ники како ќе се снајде во улогата.
Засега, погледнете само неколку од нејзините видеа и талентот којшто го поседува оваа неверојатна девојка:
(О)Милена | Црнобело