Македонски народни песни без кои не може да помине речиси ниедна свадба
Свадба, еден од најважните денови во животот. „Манифестација“, која со текот на годините поминува низ разни фази на модификација, во зависност од младоженците и секако, од потесниот круг на семејството.
Велат, музиката е главниот фактор за успешна забава.
За разлика од порано, денешните македонски свадби располагаат со најразновидни музички палети.
Поранешните приоритетни ора и чочеци често се заменети со диџеи и многуте странски поп, рок, латино и аренби хитови, како и македонски, сѐ во зависност од стиловите и вкусовите.
Неретко се случува наместо македонски бенд, гостите да ги забавува пејач или пејачка од нашиот северен сосед.
Има и такви кои сѐ уште се придржуваат кон традиционалните македонски свадби.
Како и да е, секој со своето. За вкусовите не се дискутира.
Важно е сите да се забавуваат.
Без разлика на музиката која приватно ја слушаме, постојат македонски народни песни кои навистина умеат да нѐ „кренат“ од столче и кои ги слушаме на речиси секоја свадба.
Во продолжение ве потсетуваме на дваесетина од нив:
„Свадба е голема“
„Доста време ерген одев“
„Черешна се од корен корнеше“
„Стани моме да заиграш“
„Сите девојчиња мамо се мажија“
„Ете мајко решив да се женам“
https://www.youtube.com/watch?v=uX53TQ6H28c