Северина со солзи поради синот го заврши спектакуларниот концерт во Загреб (видео)
Вечерва само радост и љубов – така Северина го најави синоќешниот концерт во Загреб, кој важи за еден од најспектакуларните оваа година.
Облечена комплетно во црно, концертот го отвори со песната „Otrove.“
Покрај во веселбата, сите беа со неа и во турбуленциите кои ѝ се случуваат во приватниот живот, делејќи маички со натписи „Севе, сите сме со тебе,“ алудирајќи на борбата против одземањето на старателството врз синчето.
Северина во текот на 2 часа извела 33 песни, но се расплакала на „Rodjeno moje,“ песната која пред извесно време ја претстави како посветена на нејзиниот син Александар.
Ви пренесуваме само мал дел од атмосферата и емотивниот настап за кој цел регион зборува:
https://www.youtube.com/watch?v=m9F1jy7UCSc