Тамара Тодевска се врати во времето кога настапуваше на Макфест со Маријана и Росана (фото+видео)
Поминаа 28 години откако Тамара Тодевска првпат настапи на сцената на Макфест заедно со Маријана и Росана, а по настапот во овогодишниот ревијален дел на фестивалот, пејачката се врати назад во времето.
На 34-тото издание на Макфест, Тамара Тодевска имаше одличен настап во ревијалниот дел, каде отпеа неколку нејзини хитови, но нè потсети и на дел од макфестовските хитови низ годините.
Облечена во стилски долг фустан, Тамара заблеска на сцената на Макфест 2019-та и ја размрда публиката, како и гледачите, со нејзината енергична изведба.
По настапот, на нејзиниот Инстаграм профил таа објави фотка од неа со легендарните Маријана и Росана, со кои ѝ беше првиот настап на овој музички фестивал.
„Пред 28 години заедно со легендарните Маријана и Росана, го имав свој прв настап на Макфест. Имав само 6 години. Се сеќавам, Зерина Цокоја ми пријде пред самиот настап и ме праша - Имаш ли трема? - Што е тоа трема?, и одговорив. ?
Денес, по неколку годишна пауза повторно настапувам на Макфест, но овој пат во ревијалниот дел. Пеперутките сѐ уште се тука а и магијата. Ви благодарам што сте покрај мене и што верувате во мене. Заедно продолжуваме да креираме магија.“ – стои во Инстаграм објавата на пејачката.
Се сеќавате ли на песната Љубов со која Тамара за првпат го претстави ангелскиот глас на Макфест 1991-ва?
M. M. | Црнобело