4 работи што треба да ги знаете за швајцарското техно дуо Adriatique
Ако изминатава година сте поминале во некој техно клуб, тогаш најверојатно дека го имате чуено „Ray“ - сингл објавен лани од страна на швајцарското продуцентско дуо Adriatique, а кој пример за хипнотичка клупска химна и кој сигурно ќе се врти на радио станиците и клубовите со години.
Многу артисти се борат да создадат ваков музички запис, но на Адриан Шала и Адриан Швајцер им појде од рака да ја вивнат својата кариера со ваквите дела.
На 2-ри август, во моментов светски најактуелниот техно тандем Adriatique ќе настапи премиерно пред македонската публика, на јубилејното 10-то издание на Green Beach Festival.
На фестивалската локација кај хотел „Еуротел“ во Струга, ден пред тоа, водечкиот продуцент на денешницата Пол Калкбренер ќе го отвори фестивалот, а одличните Балоски, Александар Младеновски и Давид Крстевски ќе застанат во одбрана на домашната сцена.
Ако планирате да одите на бр. 1 журка во име на квалитетната електронска музика во продолжение следуваат неколку работи кои треба да ги знаете за Adriatique:
Записот кој ја започна нивната кариера
Solomun е нивен обожавател!
Добивање на поддршка од Solomun е можеби највлијателниот момент во кариерата на Швајцер и Шала.
Тие покренаа своја издавачка етикета за да им дадат шанса на други артисти!
Швајцар и Шала продолжуваат да го усовршуваат својот музички идентитет. Тие сметаат дека е погодно да им се даде шанса на други артисти да го претстават својот музички потенцијал пред светот, па затоа ја создадоа сопствената етикета, наречена Siamese.
Адриан & Адриан
Адриан Шала и Адриан Швајцер се најдобри пријатели. По нивното запознавање во Цирих во 2008 година, станаа најдобар уметнички и емотивен советник еден на друг.
Во моментот живеат во заедничко студио и место за проба во близина на најголемиот град во Швајцарија.