Тричасовно музичко патување и емоции – Андре Риу со оркестарот сплотија илјадници луѓе во Скопје

Холандскиот виолинист Андре Риу кој веќе 30 години свири низ целиот свет и ја пренесува љубовта кон класичната музика, синоќа за првпат, во распродадената ВИП Арена „Борис Трајковски“ одржа концерт и во Македонија, во организација на „Пасворд Продукција“. 

Svetskata atrakcija andre riu i negoviot orkestar johan straus vo skopje splotija iljadnici lugje da uzivaat vo klasicnata muzika na edno mesto 8

Заедно со својот оркестар „Јохан Штраус“ ги отсвиреа најубавите музички дела некогаш компонирани и на илјадниците посетители им овозможија тричасовно музичко патување, пропратено со емоции и искрени овации.

Андре Риу во Скопје пристигна ден претходно со сопствена продукција, 9 шлепери со опрема, комплетна костимографија, речиси 80 музичари на сцена и повеќе од 50 луѓе задолжени за техничката реализација.

Скопје, вчеравечер, имаше можност да биде домаќин на еден од најдобрите музичари на класична музика на денешницата, чии настапи претставуваат голема организациска одговорност за музиката да се интерпретира, а пред сè доживее на вистински начин.

Svetskata atrakcija andre riu i negoviot orkestar johan straus vo skopje splotija iljadnici lugje da uzivaat vo klasicnata muzika na edno mesto 1

Приказната за великанот на класичната музика, Андре Риу започна уште во 1988 година и со текот на времето прерасна во најголем приватен оркестар, кој во моментот брои преку 150 членови од целиот свет.

Токму Риу, благодарение на музичката страст што е разгорена во него успеа класичната музика да ја издигне на пиедесталот во 21-ви век и да ги преполнува салите и арените во кои свират заедно со својот оркестар.

Svetskata atrakcija andre riu i negoviot orkestar johan straus vo skopje splotija iljadnici lugje da uzivaat vo klasicnata muzika na edno mesto 2

Концертот со времетраење од три часа, беше пропратен со симпатични и шеговити моменти од страна на Андре Риу, а изведените песни беа доведени до ниво на совршенство.

Македонската публика, која според него е една од најмузикалните и најраспеаните, имаше можност да ужива во изведба на дваесеттина песни, почнувајќи од: „Nessun Dorma“, „Snow Waltz“, „Im Weissen Rössl“, па сè до „You Raise Me Up“, „The Lonely Shepherd“ и „All Men Will Be Brothers“.

На самиот крај од овој волшебен настан, музичарите се вратија на сцената и ја отсвиреа „Македонско девојче“, како и уште неколку композиции. Присутните се поврзаа со музиката и со громогласен аплауз, очи полни со солзи и извици го испратија од сцената Андре Риу со неговата верна придружба.

Svetskata atrakcija andre riu i negoviot orkestar johan straus vo skopje splotija iljadnici lugje da uzivaat vo klasicnata muzika na edno mesto 4

Неговите концерти се повеќе од само музика, неговите концерти се патувања кои допираат до најскриените агли во човечката душа. Андре Риу сака да раскажува приказни, да споделува животни фрагменти, да зборува за средбите со музичарите кои се дел од неговиот оркестар, Андре, едноставно сака да ги пренесе емоциите кои ги поседува.

Вчеравечер музиката беше таа што на едно место обедини илјадници луѓе, а Андре Риу и неговиот „Јохан Штраус“ оркестар беа медијатори помеѓу светот на класичната музика и човекот.

Svetskata atrakcija andre riu i negoviot orkestar johan straus vo skopje splotija iljadnici lugje da uzivaat vo klasicnata muzika na edno mesto 3

Svetskata atrakcija andre riu i negoviot orkestar johan straus vo skopje splotija iljadnici lugje da uzivaat vo klasicnata muzika na edno mesto 3

Svetskata atrakcija andre riu i negoviot orkestar johan straus vo skopje splotija iljadnici lugje da uzivaat vo klasicnata muzika na edno mesto 3

Svetskata atrakcija andre riu i negoviot orkestar johan straus vo skopje splotija iljadnici lugje da uzivaat vo klasicnata muzika na edno mesto 3

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело / Фото: Стефан Самандов

Би можело да ве интересира:

Промоција за нова песна и видео спот на Славчо Крежески – Одведи ме дома Славчо Крежески е музичар и музички ентузијаст роден во Струга, но подолг период...
„Скопје радост ти ќе бидеш“ - 11 песни посветени на главниот град кои секогаш ни будат среќни чувств... Знаете ли што им е заедничко на Нина Спирова, Тони Зен и Благица Павловска? Сите...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
Лена - нов музички артист на нашата сцена Нашата земја е преполна со музички таленти и ни е навистина драго што имаме квал...
Песна за разделба, нова прекрасна балада на Владо Калембер Може ли разделба да биде достоинствена, без навреди, обвинувања и лоша мисла? Ко...
Колумбиец ја пее „Јовано Јованке“ во Канада: „Македонската музика го освои моето срце на начин што н... Колумбиецот Јанко Пенафорт е толку фасциниран од нашата музика, што го научил ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg