Музички времеплов – најголемите хитови од 1999 година слават 20 години
Се чини дека последната година од 20 век била особено плодна на музичко поле. 1999 година ќе остане запаметена по голем број хитови, а ние со голема мака издвоивме само 10.
Ова е годината во која започна ривалството помеѓу двете најголеми поп ѕвезди – Бритни Спирс и Кристина Агилера, но и годината кога Џенифер Лопез ја започна својата соло кариера.
Бијонсе сè уште беше дел од нејзината матична Destiny’s Child, а Рики Мартин создаде незаборавен хит чиј успех не успеа да го надмине со ниту една наредна песна.
И секако, тука е генијалниот Сантана кој во соработка со Роб Томас ја создаде Smooth… и што уште? Слушнете ги најдобрите песни од 1999 година кои наполнија 20 години: