Оган, дожд и летање на сцена: Спектакуларниот 11-минутен настап на Пинк на BRIT Awards 2019
Пинк одржа спектакуларен 11-минутен настап во живо на Британските музички награди, а на сцената имаше оган, дожд и одличен танчцувачки перформанс.
Пинк уште еднаш покажа зошто речиси 20 години е една од најдобрите на светската музичка сцена.
На BRIT Awards 2019, таа имаше неверојатнo 11-минутно шоу, а настапот ѝ беше спектакуларен, дополнет со нејзиниот моќен глас и енергичност.
39-годишната пејачка зема награда за Неизмерен придонес во музиката, а се погрижи крајот на вечерта да го одбележи со настап за паметење.
Таа буквално „долета“ на сцената, ги изведе нејзините најголеми хитови, се пресоблече неколку пати, енергично пееше и танцуваше заедно со останатите на сцената, која беше исполнета со драматични ефекти на оган и дожд.
Погледнете го целосниот настап и фотките од истиот:
М. М. | Црнобело