Може ли да го замени Фреди Меркјури - кој пејач е на турнеја со Queen?
Адам Ламберт е дел од турнеите на бендот Queen, а настапувал и цели 3 недели во Лас Вегас годинава заедно со нив. Се сеќавате ли на него?
36-годишниот пејач со неверојатни вокални способности им се приклучи на Queen во 2011 година, заземајќи го местото на Фреди Меркјури кој почина во 1991 година. Групата сега се нарекува Queen + Adam Lambert, а настапуваат заедно од 2014 година.
Гитаристот Брајан Меј вели дека Ламберт е толку добар во улогата, што господинот Меркјури, „би бил љубоморен“.
„Фреди би го сакал и би го мразел истовремено, бидејќи Адам има дар од Господ. Тој има глас меѓу милијарда, никој не го поседува тој распон, никој со којшто сум работел и не се работи само за распонот, туку и за квалитетот на истиот. Го гледам Адам како напредува на истиот начин како што напредуваше и Фреди“.
Меј исто така нагласува колку многу ужива што настапуваат во живо, а понекогаш признава дека мора да направи пауза, бидејќи од гласот на Адам му поминуваат морници низ ’рбетот.
Тој вели:
„На ниту еден начин не го имитира Фреди, но тој е делчето од сложувалката кое недостасува“.
Пејачот кој стана особено популарен откако заврши втор на музичкото шоу со натпреварувачки карактер Американски идол во 2009 година, го издаде својот прв албум истата година со наслов For Your Entertainment, а веројатно сите се сеќавате на хитот Whataya Want from Me.
„Неверојатно е, бидејќи немаше да го правиме ова доколку не беше Адам“.
Откако бендот настапил во дует со Адам во финалето на Американски идол, членовите на Queen биле толку многу импресионирани од него што побарале да им се приклучи.
„Имаше нешто неверојатно во врска со Адам, хемијата беше инстантна и се чувствувавме како да е веќе дел од бендот“.
Секако, Адам Ламберт не може да биде она што беше Фреди Меркјури. Навистина никој не би можел да го замени Фреди. Но, обожавателите кои го виделе како настапува со Queen велат дека тој е ѓаволски достојна замена за великанот. И дека Фреди би бил горд и среќен.
Доколку не верувате, погледнете како звучи Адам Ламберт на местото на Фреди Меркјури:
Queen + Adam Lambert - Somebody To Love
Adam Lambert with QUEEN - Bohemian Rhapsody
Queen + Adam Lambert - Don’t Stop Me Now
https://www.youtube.com/watch?v=GEBhpiT-V4g
(О)Милена | Црнобело