Ги обожававме, но искрено беа ужасни – најлошите поп бендови од ’90-тите
’90-тите, според многумина, се симбол на една одлична декада и дефинитивно го одбележаа крајот на 20 век. Но, и покрај изобилството на интересна кинематографија, мода и музика, сепак имаше многу работи кои беа прилично смешни и ужасни.
Доколку се обидете да пребарате кои бендови од ’90-тите спаѓаат во групата на најужасни и најразочарувачки, верувале или не, поголем дел од листите ги наведуваат Limp Bizkit, Nirvana и Creed.
Но, ова е прилично далеку од вистината, бидејќи тие барем имаа добра музика.
Кои се вистинските лоши бендови кои го диктираа музичкото темпо кон крајот на 20 век?
Hanson
Поп-триото од Оклахома, САД во чиј состав беа браќата Ајзак, Тејлор и Зак Хенсон предизвика масовна хистерија со нивната хит-песна „MMMBop“.
И покрај огромниот комерцијален успех, сепак според квалитетот и презентацијата, Hanson ни приближно не се на истото рамниште како останатите популарни бој-бендови од декадата.
Vengaboys
Овој квартет од Холандија извади неколку хитови едно по друго, а ниту тогаш, ниту пак денес, не ни е баш јасно зошто овие песни беа толку популарни.
„We’re Going To Ibiza“, „We like to Party“, „Boom Boom Boom“ беа само дел од низата и да бидеме искрени – звучат прилично бизарно.
Crazy Town
One-hit wonder или народски кажано „Секое чудо за 3 дена“, момците од Crazy Town се искачија на врвот на топ листите со хитот Butterfly.
Ниту една од другите песни не успеа да го повтори успехот на оваа песна.
The Cheeky Girls
Cheeky Girls = Cheeky Song. Габриела и Моника, сестри-близначки со потекло од Романија го оформија бендот во Британија и со предзнакот Cheeky направија уште неколку песни – Cheeky Christmas и Cheeky Flamenco.
За квалитетот и талентот проценете сами:
Aqua
Се чини дека најголемиот „талент“ доаѓа од Европа, а Aqua не се никаков исклучок. Данско-норвешкиот бенд успеа да се прослави во 1997 година со хитот Barbie Girl.
(О)Милена | Црнобело