Фиктивно интервју со просечен македонски естраден музичар

Трајче Стојчески е типичен фиктивен македонски естраден пејач и скопски фраер. Неодамна тој го објави својот нов албум наречен „Можеби така требало да биде“ кој стана хит во фиктивниот свет. 

Intervju-so-prosecen-makedonski-estraden-muzicar1.jpg

Во продолжение следи интервју со овој непостоечки лик.

Здраво Трајче, добре дојде.

- Еее добро ве најдов, хехе...

Најпрво кажи ни нешто за себе, кој си како си, од кај си?

- Па, се викам Трајче, од Скопје сум... Имам 42 години, ама знаеш како викаат, годините се само бројка, јас сè уште живеам со моите, и водам брз, „тинејџерски“ живот.

Како изгледа еден ден во светот на Трајче?

- Јако брат, знаеш како е хехе... Бркам женски, со колата од татко ми, паркирам пред кафич со четири жмигавци, клуч на маса, нема утка, 10 од 10 хехе...

Во ред, кажи ми нешто за новиот албум, зошто баш тој наслов?

- Па брат знаеш... Македонија нешто ау, јас сум пред сѐ традиционалист, има некои норми и традиции што мора да се запазат во нашата култура.

Првиот сингл на албумот се вика „Ќутенка“, кажи нешто за него?

- Па како што кажав погоре брат, мора да се запази традицијата на нашиот народ, ќутенката е традиција која треба да се негува, нас тука нѐ бива за тоа ептен хехе...

Вториот сингл е насловен „Не се буни, ќе ти го реши некој друг проблемот“, некој збор за овој сингл?

- Паа инспирација црпев од тате, јас стално кога имав некој проблем, тате вртеше два-три броја и го решаваше проблемот, јас само не треба да се бунам, сѐ ќе биде како што треба.

Како Трајче се справува со секојдневниот живот? Како ги комбинира работата и приватниот живот?

- Па види баце, мора да се има баланс. Без баланс ништо не праиме. Јас правам баланс секој вторник и четврток на јога, каде што идам ради женски, никако за вежбање, да се разбереме... И тешко е баце, пари од музика, пари тате и мама што ми даваат, не знам на што да ги трошам попрво хехе.

Каде може да видиме твој настап во скоро време?

- Па ние македонските естрадни пејачи мора прво да добиеме признание од некој друг, за да нѐ слушаат тука, па така, следниве години ќе сум во Србија, Црна Гора и Косово со настапиве, па ако кажат нешто добро од таму за мене, ќе смеам и тука да пеам.

За крај, што би им порачал на младите?

- Младите треба да ги слушаат мама и тате, да не мислат со своја глава. Потоа, мора да знаат дека женски не се бркаат со романтика, умре тоа време баце, сеа со кола и виски само хехе.


Ете дами и господа, тоа беше Трајче Стојчески, кој е впрочем фиктивен, а јас си правев муабет сам со себе... (далеку било јас да сум ваков)

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
Дани со нов сингл - Ќе ме сакаш ли? 24.1.2024, Скопје - По “Има љубов во нас”, проследуваме втор сингл од најновиот ...
„ЗОРА” - ново парче модерна македонска музка од ДААН во соработка со К.Ј од дуото Како Браќа Во саботата на 21ви Септември ДААН го промовираше својот најнов сингл со наслов ...
Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
Наташа Миха објави песна со видео запис снимен во Кина - слушнете ја „Тука со мене“ Македонската пејачка Наташа Миха објави нова песна, насловнеа „Тука со мене“, ка...
Нов сингл и видео: „Ван Гог“ ја претстави песната „Луд и сам“ Ѓуле: „И не ми е жал што летаат годините, кога сѐ уште истата глад за живот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg