Родена под среќна ѕвезда - 10 најдобри хитови на Дуа Липа
Се отселила од дома на само 15 години и од Косово заминала за Лондон со цел да ја започне својата музичка кариера. Британската пејачка со албанско потекло вели дека најголемата инспирација ѝ бил нејзиниот татко, Dukagjin Lipa кој бил член на албански рок бенд.
22-годишната Дуа Липа безмалку една година владее на музичките топ листи, а нејзиниот деби албум насловен како и пејачката доби одлични критики.
Според многумина, таа ја испеа и новата модерна женска химна „New Rules“, а ова лето е резервирано за новиот хит кој го направи во соработка со Калвин Харис – „One Kiss“.
Промовирајќи природен и здрав изглед, како и огромна доза самодоверба и скромност истовремено, не е никакво чудо што Дуа е репер за многу млади девојки.
Иако денес изгледа дека ѕвездите ѝ се ветени на младата поп пејачка, сепак патот до славата не бил нималку лесен. На само 7-годишна возраст професорката по музичко ја одбила нејзината желба за учество во училишниот хор бидејќи според неа „немала доволно добар глас“.
Очигледно, упорноста се исплaти на крајот, нели? Слушнете ги најдобрите песни на Дуа Липа и уживајте: