20 години откако Калиопи ја испеа „Не заборавај“ - една од најубавите македонски песни

Оваа 2018 се навршуваат точно 20 години откако дивата ја испеа „Не заборавај“ на Скопскиот фестивал.

20-godini-otkako-Kaliopi-ja-ispea-Ne-zaboravaj-01.jpg

Текстот го напиша Калиопи, а музиката е заеднички производ со нејзиниот поранешен сопруг, продуцентот Ромео Грил.

https://www.youtube.com/watch?v=bYq8j_SB7To

На Скопскиот фестивал кој се одржа во 1998 година, а за задача имаше да го одбере победникот кој ќе нè претставува на изборот за најдобра песна на Евровизија, Калиопи во конкуренција од 20 песни заврши на 9-тото место со 3834 гласови.

Победникот на фестивалот Владо Јаневски нè претстави во Бирмингем со песната „Не зори зоро“, која мора да признаеме дека беше, исто така, одлична песна.

Сепак, има некоја особена магија во музиката и текстот на „Не заборавај“, која не остава во прашалници како е можно да го освоила 9-тото место на Скопскиот фестивал пред 20 години?

До денес, останува една од најубавите македонски песни испеани кога било, а истата години подоцна беше преработена од страна на бендот Eye Cue чиј водечки локал тогаш беше пејачката Леана Таќи.

Калиопи повторно ја испеа „Не заборавај“ за време на ревијалниот дел на Скопскиот фестивал во 2014 година со уште една незаборавна, емотивна изведба:

https://www.youtube.com/watch?v=0QQIkIzJe0s

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
Спотот на Ламбе Алабаковски за преработката на „Дејгиди луди млади години“ Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верз...
Промоција за нова песна и видео спот на Славчо Крежески – Одведи ме дома Славчо Крежески е музичар и музички ентузијаст роден во Струга, но подолг период...
Ивона Јо: „Несебично ви ја подарувам 'Себично' - Нека стигне до секоја душа што пати и боли“ Ивона Јо имаше маестрална изведба на овогодинешниот Макфест, каде што се претста...
Шлолските другри се споија и направија музичка уметност: Слаткар и Некст Тајм ја објавија „Океани” (... Се познаваат повеќе од 30 години, ги делеле школските клупи, заедно пораснаа на ...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg