Време за македонска забава - безвременските хитови на Маријана и Росана
Не знам колкумина од вас имаат обичај да пуштаат македонска музика на забавите и родендените, но доколку немате таква навика, дефинитивно треба да почнете да ја практикувате.
Бидејќи македонските хитови „од нашето време“ се едни од најубавите песни на естрадата.
Посебно признание треба да им се оддаде на сестрите близначки, Маријана и Росана.
Тие за прв пат настапиле заедно кога имале само 17 години, а сите ги паметите нивните насмеани лица и синхронизираните гласови.
За песните и не е потребно многу да се зборува. „Признавам“ повторно воскресна после долги години и ни стана љубовна химна, потсетувајќи нè на убавите песни коишто ги слушавме порано.
Навистина, квалитетни мелодии како овие се реткост денес. Можеби затоа и толку многу ги сакаме.
Меѓу нив ќе ги слушнете големите хитови како „Едно срце имам“, „Љубов“ и „Ако не исчезнам“ и некои можеби помалку познати, но подеднакво убави песни.
Уживајте во најдобрите безвременски хитови на македонскиот бренд, Маријана и Росана:
Признавам
Ако не исчезнам
https://www.youtube.com/watch?v=c9cK2IK9b9M
Едно срце имам
Око мое
Љубов
Стој
Малечок
https://youtu.be/Cyj48JN1aYo
Илузија фантазија
Одлучи, Горане
https://www.youtube.com/watch?v=CpcnKkYpv24
Опасна зона
https://youtu.be/cbldmYI-7aU
(О)Милена | Црнобело