Емотивна порака за Тоше Проески преку дел од насловите на неговите песни
И десет години „по тебе“ „солзи прават златен прстен“. „Го молам ноќва небото“ да ми те врати.
„Слушаш ли“? Tи си „Синот Божји“ што никој од нас не може да го преболи.
Болката по тебе е „игри без граници“ што ми прават „громови на душа“. „Ангел си ти“, но сепак мојот „немир“ не е „илузија“. „Јас не сум виновен“ што не можам да те заборавам. „По тебе“ „душа остана“, а секоја соба е „соба за тага“.
„Некаде во ноќта“ се прашувам дали животот е „руски рулет“ и правам нови „рани на усните“. „Велам лејди“ кон оваа полна „студена“ „месечина“ и ѝ порачувам „излажи ме уште еднаш“ „најдрага моја“ дека животот е фер.
„Ако ме погледнеш во очи“ месечино, ќе сфатиш дека „местото на злосторот“ нема да го заборавам и неговата „цреша“ нема да ја заборавам и него нема да го заборавам.
Дозволи ми „во коси да ти спијам“ вечерва „тајно моја“, но нека знае, „малечка“, дека тој нема да биде заборавен.
С. С. | Црнобело