Најубавата љубовна порака од насловите на песните на Владо Јаневски

„И тогаш некоја будала“ „некогаш и негде“ ќе те спомене пак и „ако не те сакам“ тогаш зошто ми е вака. Ти си мојата „тајна отровна“ и кога и да те видам „повторно се заљубувам во тебе“.

najubavata ljubovna poraka od naslovite na pesnite na vlado janevski 01

Ние бевме „две души и месечина“, а нашата „чаирска романтика“ не можат да ја заменат ниту „10 девојки“.

„Твојте очи“ кога ќе ме погледнеа пееја „ова е само наше Скопје“, а „еден бакнеж“ од тебе ме опиваше повеќе од „црно тиквешко“.

Сите „булки“ малку се за да се натпреваруваат со твојата убавина.

„На тебе сè ме потсеќа“ и како „мавровска белина“ ми е јасен пред очи денот кога рече „лесно ти е да ме оставиш“ и ми откина „парче душа“.

najubavata ljubovna poraka od naslovite na pesnite na vlado janevski 02

„Љубовта е моја религија“, а ти се однесуваш „ко да вчера не ни било никогаш“. „Ваков или таков“, „не заборавај да се сетиш на мене“.

„Напрај место“ во срцето без разлика „кој е крив“. „Далеку е небото“, далеку си ти, а „зборови“ малку се да ти покажам дека ти си мојот „евергрин“.

„Од овој ден“ признавам дека „дома си е дома“ само со тебе и дека ќе бидеш мојот „компас“, па дури и да ми е тоа „последна заблуда“.

„Ти немаш право“ да ме спречиш да престанам да се надевам.

„Не зори зоро“, не зори без неа…

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивона Јо: „Несебично ви ја подарувам 'Себично' - Нека стигне до секоја душа што пати и боли“ Ивона Јо имаше маестрална изведба на овогодинешниот Макфест, каде што се претста...
Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
'Let Us Be' на Четкар е ' Masters Choice' во цела Јапонија: „Не постои некој што не го сака овој зву... Албумот на Четкар 'Let Us Be' кој моментално е ексклузивно издаден во Јапонија е...
Промоција за нова песна и видео спот на Славчо Крежески – Одведи ме дома Славчо Крежески е музичар и музички ентузијаст роден во Струга, но подолг период...
„Скопје радост ти ќе бидеш“ - 11 песни посветени на главниот град кои секогаш ни будат среќни чувств... Знаете ли што им е заедничко на Нина Спирова, Тони Зен и Благица Павловска? Сите...
Тамара Тодевска има нов хит: „Песната ме потсетува на времето кога нашата поп-музика беше на завидно... „Морам да бидам искрена и да кажам дека „Никој како ти“ ми има и ретро момент и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg