Луис Фонси открива за што пее во Despacito (видео)
Иако на многумина веќе им е преку глава од оваа песна, сепак на повеќето им се допадна и им стана заразна уште во првиот момент кога ја слушнаа.
Despacito влегува лесно во глава и сите ја потпевнуваат, па дури и оние кои не знаат шпански, а тоа го потврдува и Порториканецот.
„Посакувам да имав некоја подобра приказна за песната, но искрено, се разбудив едно утро и Despacito ми беше во главата. Толку е едноставно и очигледно...“ – признава Фонси.
Дел по дел, тој го открива значењето на песната, во која се опишани неконтролираните чувства кои ги има кон девојката, но сепак сака работите да одат полека и да уживаат во тоа.
Ако мора да објасниме со неколку зборчиња - песната раскажува бавен, романтичен секс.
Ова веќе сите го знаевме, но дали знаете што значат сите делови во песната, зошто се вметнати елементи поврзани со Порторико и како дошло до ремиксот со Џастин Бибер?
Гледајте го видеото и дознајте нешто повеќе за песната која сè уште и после толку време, на никој не му излегува од глава:
M. M. | Црнобело