Слушнете ја „The Cure“ - новата песна на Лејди Гага промовирана на Коачела
Лејди Гага им приреди неверојатно изненадување на фановите кои имаа можност да го проследат нејзиниот настап на фестивалот Коачела. Гага започна да пее точно во 23 часот и 29 минути во втората фестивалска вечер, а некаде по 45-минутниот перформанс на Коачела таа го најави и изведе својот најнов сингл – „The Cure“.
Лејди Гага го пополни местото на Бијонсе која оригинално требаше да настапи во овој дел од фестивалот, но поради бременоста го откажа ангажманот. Сепак, на музичкиот репертоар на Гага се најде и нивниот заеднички хит „Telephone“.
Лејди Гага се враќа повторно на Коачела за време на вториот фестивалски викенд на 22 април, а во меѓувреме уживајте во нејзината најнова песна:
https://www.youtube.com/watch?v=6pgeQ790j7c
(O)Милена | Црнобело