Зошто „You are Beautiful“ на Џејмс Блант не е песна за на венчавки?!
Ја слушаме повеќе од една деценија, а не сме забележале. Песната не е воопшто романтична.
Нема кој барем еднаш не го преслушал хитот „You're Beautiful“ од 2004-та година. Од моментот кога беше објавена, па сè до денес, песната е и неизбежна музичка тема на многу свадбени церемонии ширум светот.
Сепак, иако излезе пред цели 13 години, се чини дека повеќето слушатели не ги разбрале баш најдобро стиховите. Изведувачот на „You're Beautiful", Џејмс Блант, има порака за нив: таа не e романтична песна.
Често се наоѓа на пописот на најпопуларни песни за прв свадбен танц, меѓу кои се и: „Thinking Out Loud“ на Ед Ширан, „At Last" од Ета Џејмс, односно „All of Me" во изведба на Џон Леџенд, но песната „You're Beautiful“ всушност е лош избор за овој романтичен момент.
- Сите ме нарекуваат романтичар. Не, јас не сум тоа. Ниту „You're Beautiful“ не е нежна романтична песна. Се работи за издрогиран лик кој прогонува туѓа девојка во подземната железница, додека нејзиното момче е таму, пред него. Тој тип би требало да биде во затвор, затоа што е перверзен манијак. – изјави Џејмс Блант во интервјуто за The Huffington Post.
Пејачот откри и дека песната му досадила со тек на времето, бидејќи се има презаситено од нејзиното изведување. Но, поради обожавателите, тој и понатаму ја исполнува на концертите.
Неговата песна која не опишува вистинска љубов помеѓу двајца вљубени, туку се воспева опасен демнач во подземната железница, многумина веднаш ја споредија со подеднакво морничавите песни, како што се „Every Breath You Take" на групата The Police, „Last Kiss" од Pearl Jam и „The One I Love" во изведба на групата REM.
Ќе го послушате ли советот на Џејмс?
М. А. | Црнобело