Дали сте знаеле? Да слушате музика е исто како да имате секс
Дали некогаш би претпоставиле дека слушањето музика подеднакво задоволува како кога имате секс? Токму така, научниците откриле дека слушањето омилена музика е исто како кога сме заљубени и водиме љубов.
Механизмите на кои тоа функционира сè уште не се откриени, но едно нешто е сигурно, слушањето музика е едно од главните задоволства во животот.
Дури и кога бил направен прашалник, за тоа кои се 10-те работи кои најчесто им носат задоволство на луѓето, музиката често била вметнувана во листата.
Истражувачите од Универзитетот „McGill“ од Канада велат дека музиката влијае на системот за награда - дел од мозокот со кој искусуваме забава, еуфорија, па дури и зависност.
Во истражувањето кое го направиле тие на група испитаници дале лек „Naltrexone“ кој се користи за лечење на зависност од алкохол, а на друга, плацебо. Во истражувањето се открило дека кога системот за награда е „изгасен“ заради лекот, испитаниците не доживуваат задоволство ниту од омилената музика.
Па, научниците заклучиле дека музиката го стимулира системот за награда - истиот систем заради кои наоѓаме задоволство при сексот, јадењето и пиењето.
Меѓу другото, слушањето на музика ни помага да лачиме хормони на задоволство - серотонин, допамин, окситоцин и пролактин.
Н. Г. | Црнобело