Четирите Русинки - убавици кои ќе ги гледаме на детската Евровизија во Малта
Некои стереотипи сосема си го оправдуваат значењето, а оној како Русија ги има најубавите жени и девојчиња на светот е целосно оправдан.
Запознајте ги Софија, Александра, Кристина и Мадона, четирите русокоси убавици кои ќе ја претставуваат Русија на годинешниот избор за најдобра детска песна на Европа „Евровизија 2016“, кој ќе се одржи во Малта, на 20-ти ноември во недела.
Освен што девојките се прекрасни и пленат со своите неверојатни долги коси и порцеланскиот тен, тие се и подеднакво талентирани. Целата приказна започнува кога 14-годишната Софија од Новомосковск победува сама на рускиот национален избор за претставник на детската Евровизија, а подоцна е решено да ѝ се приклучат останатите три девојки како придружни вокали на сцената.
Интересно е што победничката песна „Water of Life“ (оригинално Zhivaya voda) ја напишала самата Софија, а во истата се пее за она што се случува во душата на тинејџерите како што тие созреваат.
Иако нејзиниот победнички настап од домашниот избор е одличен, сепак мора да признаеме дека комбинацијата со придружните вокали звучи помоќно.
Русија веќе се споменува како фаворит за победа, а сега знаеме и зошто.
Погледнете ги четирите шармантни убавици кои ќе ја претставуваат Русија на детската Евровизија:
(О)Милена | Црнобело