Музички жанрови од 21-от век за кои повеќето луѓе не слушнале

Музиката се развива и еволуира со брзо темпо што често е тешко да се остане во чекор со најновите и најголемите бендови, стилови и жанрови. Благодарение на намалените трошоци за опрема за снимање и широката употреба на персонални компјутери, денес секој може да објави своја музика, па се чини дека нови жанрови се појавуваат на секои неколку месеци.

Muzicki-zanrovi-od-21-ot-vek-za-koi-poveketo-luge-ne-slusnale

Ова се нови музички жанрови за кои повеќето луѓе не слушнале:

Black MIDI

Во 80-тите години во светот на музиката се случи револуција со создавање на Musical Instrument Digital Interface (MIDI). Овој нов систем овозможил контрола на нотација, темпо и безброј други параметри со притискање на едно копче.

Денес речиси сите артисти го користат, особено во поп и електронска музика. Концептот на MIDI достигна нови крајности со развојот на „Black MIDI“ музички жанр со едноставна премиса: додавање на многу компоненти во една композиција.

Ова започнало како хоби за многу јапонски тинејџери, но брзо експлодирало во интернет феномен. „Blackers“, како што се нарекуваат себеси имаат онлајн заедници, објавуваат стотици песни, а создале и свои дискографски куќи.


Kawaii Metal

Најчестиот стереотип во западниот свет е дека јапонците се опседнати со слатките нешта. Во изминатите неколку децении, kawaii (слатко на јапонски јазик) културата се вградила во многу аспекти на јапонскиот живот, храна, облека, играчки, па дури и однесувањето на луѓето и манирите.

Во 2009-та година јапонската поп музика почнала да се меша со метал музиката и силните гитарски рифови. Kawaii металот ги должи своите корени на бендот Babymetal, група првично формирана како спин-оф на групата Сакура Gakuin.


Lowercase

Во овој жанр е поважно да се создаде амбиент отколку традиционални музички елементи како ритам и мелодија. Lowercase е поджанр на минималистичка електроника која користи "микро звукови", па дури и тишина да создаде нешто сосема различно од типичната музика на која сме навикнати.


Seapunk

Оригинално нарекуван „интернет шегување со музика“ seapunk бил креиран од страна на онлајн музичари со заедничка носталгија за културата на 1990-те. Жанрот претставува мешавина на електронска музика со хипнотички звуци на океанот и синтетизирани инструменти.


Nintendocore

Nintendocore е спој на два жанра: 8-битни звуци на видео игри со агресивниот хардкор панк и метал.


Pirate Metal

Овој жанр инкорпорира пиратска облека, текстови  и сленг. Групите, исто така, можат да користат повеќе традиционални народни инструменти.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Скопје радост ти ќе бидеш“ - 11 песни посветени на главниот град кои секогаш ни будат среќни чувств... Знаете ли што им е заедничко на Нина Спирова, Тони Зен и Благица Павловска? Сите...
Тамара Груејска сними спот за песната „Само насмевни се“ (видео) Тамара Грујеска го сними новиот спот на песната „Само насмевни се“, дело на Робе...
Промоција за нова песна и видео спот на Дарко Андонов ДААН – “Со кого заспиваш” Јас сум Дарко Андонов a.k.a. ДААН, псевдоним кој  го користам како уметничк...
Јоце Панов има нова песна на српски, сними дует со Дарко Филиповиќ (видео) Во песната, Јоце и Дарко се борат за љубовта на атрактивна девојка, а таа самата...
Македонскиот артист Avensis со официјално издание за единствениот Hardwell Македонскиот електронски ДЈ и Продуцент Avensis потпиша ново издание и тоа не би...
„Сè е возможно" е најновата песна на Јана Спирковска којашто беше издадена на 30 јуни Новата композиција на Јана Спирковска е дело на авторскиот тим Наташа Миха и Дам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg