По најавата за пензионирање поради болест – 10 најдобри филмови со Брус Вилис кои вреди да ги изгледате
Светот беше неподготвен за веста дека славниот Брус Вилис (67) се повлекува засекогаш од филмската индустрија. На актерот му е дијагностицирана афазија – нарушување што го оштетува мозокот, ги намалува когнитивните способности и влијае врз способноста за говор.
Веројатно првиот синоним за Брус Вилис ни е филмот „Умри машки“, односно Die Hard, а тој е само еден од десетте кои ги препорачуваме по најавата за неговото пензионирање.
Актер кој ќе остане запаметен по многу интересни филмски улоги и кој секако, ќе недостига на филмското платно:
Die Hard
Dетективот Џон Меклејн пристигнува во Лос Анџелес, со надеж дека ќе го помине Божиќ со отуѓената сопруга. Набргу, тој дознава за заложничка ситуација во деловна зграда, а неговата жена е еден од заложниците.
Култен класик помеѓу акциските филмови, а задолжително изгледајте ги и следните 4 делови: Die Hard 2 (1990), Die Hard with a Vengeance (1995), Live Free or Die Hard (2007) и A Good Day to Die Hard (2013).
Twelve Monkeys
Џејмс Кол, осуденик, е волонтер во смртоносна мисија, во која треба да патува назад во времето со цел да ја дознае причината за избувнувањето на вирус кој му се заканува на опстанокот на човештвото.
The Sixth Sense
Малколм Кроу, детски психолог, започнува да лекува младо момче кое делува како медиум за комуникација помеѓу мноштво несреќни духови.
Armageddon
Астронаутите на НАСА забележуваат дека голем астероид ќе удри во земјата во следните 18 дена и ќе го уништи животот на планетата. Тие сфаќаат дека нивната единствена надеж за опстанок е Хари Стампер, специјализиран бушач на нафта.
The Fifth Element
Корбен Далас, таксист, се обидува да обезбеди четири мистични камења и загадочниот петти елемент кој може да ја победи космичката зла сила за време на апокалиптична војна во иднината.