10 култни серии кои можеби не сте ги изгледале „на времето“, а треба да ја поправите грешката
Покрај очигледните избори како Friends, Lost, Twin Peaks и The Sopranos, многу веројатно е дека сте испуштиле некоја од следните култни ТВ серии кои го заслужуваат вашето внимание.
Доколку се сметате за пасиониран гледач на серии, а „на времето“ не сте успеале да изгледате некоја од следните 10, време е за поправка на грешката:
The Office
Стив Карел блеска во улогата на Мајкл Скот, напорниот досаден шеф во компанијата за хартија Дандер Мифлин. Многу хумор, сатира и неверојатни случки од секојдневието на „обичните“ луѓе.
Dexter
Главниот лик Декстер Морган работи како форензичар преку ден, но навечер е сериски убиец кој ги „лови“ убијците кои успеале да ја избегнат казната за нивните злодела. Одлична крими-драма исполнета со пресврти и напнати моменти.
Mad Men
Доналд Дрејпер, креативниот директор во агенцијата за маркетинг Стерлинг Купер во Њујорк се обидува да ја одржи рамнотежата помеѓу неговиот исклучителен професионален и мистериозниот приватен живот во 1960-тите.
Seinfeld
Стенд-ап комичарот Џери Сајнфелд се соочува со најзбунувачките, но сепак безначајни прашања за животот, со помошта на неговите ексцентрични пријатели Џорџ, Илејн и Крејмер.
Six Feet Under
По смртта на Натаниел Фишер, контролата и управувањето на семејната погребна куќа е во рацете на синовите Натаниел и Дејвид. Но, браќата и целото семејство се постојано во конфликт.
https://www.youtube.com/watch?v=VT6Fq1ENb8s