10 одлични летни филмови кои ќе го прелажат мозокот дека сте на мини-одмор
The Last Summer
Група матуранти се соочуваат со љубов и предизвици кои ги тестираат границите на пријателствата, за време на нивното последно лето кое го поминуваат заедно пред да се упатат на факултет.
The Beach
Ричард, млад човек кој патува во Тајланд, случајно доаѓа до необична мапа за која се шпекулира дека води до рајски остров. Придружуван од неколку пријатели, тој тргнува да го пронајде.
Girls Trip
Рајан добива покана да биде говорник на престижен настан. Таа смета дека тоа е одлична шанса да се поврзе повторно со најдобрите пријателки Саша, Лиза и Дина. Четирите другарки тргнуваат на незаборавно патување.
Monte Carlo
Грејс, која е на одмор во Париз со нејзината најдобра пријателка и полусестрата, ја мешаат со британска престолонаследничка. Трите девојки заминуваат за Монте Карло, каде што го запознаваат кралското семејство, но наоѓаат и љубов.
https://www.youtube.com/watch?v=Rxm_bVVhbr8&ab_channel=ClevverTV
Ibiza
Харпер, сингл жена во 30-тите се опушта на деловно патување во Барселона по што се запознава со славен диџеј.
(О)Милена | Црнобело