Ориол Пауло е шпанскиот мајстор на трилерот и мистеријата – 6 ремек-дела кои мора да ги изгледате
Неговиот последен хит е мини серијата на Нетфликс – „El Inocente“ (The Innocent) со Марио Касас во една од главните улоги. Со години наназад, 46-годишниот сценарист, продуцент и режисер ги освојува срцата на љубителите на мрачните психолошки трилери зачинети со многу мистерија.
Филмовите на Ориол Пауло се вистински ремек-дела кои ја издигнаа шпанската кинематографија на многу повисоко ниво.
Визуелно речиси совршени, со одлично, заплеткано сценарио чиј крај тешко ќе го предвидите и со одличен кастинг на внимателно одбрани глумци кои ја пренесуваат магијата на страниците на Пауло врз филмското платно.
Кои филмови на Ориол Пауло вреди да ги изгледате?
The Innocent (El Inocente)
Се чини дека животот на Матео „Мат“ Видал му поделил навистина лоши карти. Неправедно обвинет за убиство, тој завршува во затвор. Откако ќе ја отслужи казната изгледа како да добива втора шанса. Но, никој не е подготвен за кошмарот којшто следува.
Mirage (Durante la tormenta)
Две страшни бури со временска разлика од 25 години помеѓу нив. Една жена е убиена. Едно мало девојче исчезнува. Вера има само 72 часа да ја открие вистината што се чини нереална и натприродна.
The Invisible Guest (Contratiempo)
Млад претприемач е обвинет за убиство. Неговата адвокатка има само 3 часа да го подготви за судењето и да ја докаже неговата невиност.
Boy Missing (Secuestro)
Киднаперот на едно момче е ослободен поради недостаток на докази. Угледен адвокат решава да ги преземе работите во своите раце во потрага по правда.
The Body (El cuerpo)
Кога мртвото тело на Мајка Виљаверде исчезнува од мртовечницата, еден детектив тргнува во потрага по телото со цел да ја реши мистеријата околу исчезнувањето.
Julia’s Eyes (Los ojos de Julia)
Џулија Левин е прогонувана од смртта на нејзината сестра Сара. Официјалната пресуда гласи самоубиство. Но, Џулија е убедена дека виновникот е некој или нешто сосема поинакво.
(О)Милена | Црнобело