Предлог: 10 безвременски екс-ЈУ комедии кои со задоволство (повторно) ќе ги погледнете
Некогашна Југославија е позната по маестралната кинематографија и својот уникатен и карактеристичен хумор, во филмовите кои ден-денес се издигнуваат на критериумскиот пиедестал.
Голем број од нив датираат дури од 80-ите години на минатиот век, но нивната популарност е идентична како и на самиот почеток.
Незаборавните сцени исполнети со познати цитати, од страна на многубројните легендарни актери, сè уште непрекинато се раскажуваат.
Можеби на помладите генерации не им се допаѓаат филмови што биле снимени пред нивното раѓање, со оглед на моменталната, напредна филмска ера, но оние повозрасните сигурно ќе се согласат дека во тоа време биле снимени едни од најдобрите филмови со комични, автентични примеси на овие простори.
Овојпат решивме да издвоиме 10 безвременски комедии од екс-ЈУ кинематографијата кои со задоволство (повторно) ќе ги погледнете:
1. „Ко то тамо пева“, 1980 година
2. „Маратонци трче почасни круг“, 1982 година
3. „Тесна кожа“, 1982 година
4. „Балкански шпијун“, 1984 година
5. „Жикина Династија“, 1985 година
https://www.youtube.com/watch?v=rrn34O0TEhc