10 одлични филмски приказни кои ќе ве „стават“ во новогодишно-божиќно расположение
The Princess Switch: Switched Again
Војвотката Маргарет неочекувано го наследува престолот на кралството Монтенаро. Но, нејзината врска со Кевин е прекината. Принцезата Стејси е повторно тука со цел да им помогне на вљубените повторно да се смират.
Operation Christmas Drop
Ерика е испратена на остров со цел да ја ревидира работата на воената база. Таму го запознава Ендру кој е организатор на операцијата Christmas Drop. Таа повторно ќе ја пронајде сета смисла на празниците која ја загубила со текот на годините.
Dash & Lily
Дефинитивно ќе вклучиме и една серија, затоа што е толку неодолива и прекрасна и апсолутно ќе ви го разнежи срцето. Деш и Лили се запознаваат на сосема необичен начин, допишувајќи се преку една црвена тетратка во нивната омилена книжарница.
Тој не верува во Божиќ и празниците. Таа е полна со новогодишен дух и енергија.
https://www.youtube.com/watch?v=AmW5GO6btMM&ab_channel=Netflix
Holidate
Слоун и Џексон случајно се запознаваат во една продавница и склучуваат пакт да си бидат платонски партнери за време на празниците. Но, дали од тоа може да се роди вистинска љубов?
The Grinch
Гринч станува сè повеќе изнервиран од постојано празнично расположение кое расте во малиот град Хувил. Тој се здружува со своето куче за да го уништи празничниот дух.
(О)Милена | Црнобело