10 одлични филмски приказни кои ќе ве „стават“ во новогодишно-божиќно расположение
Сè уште не сте почувствувате доволно ентузијазам и возбуда за претстојниот празничен период? Можеби се двоумите дали воопшто да украсувате годинава?
Ние велиме ДА! Потребна ни е позитивна енергија, многу љубов, сијалички, колачиња, варено вино и секако – одлични новогодишни и божиќни филмови кои полека ќе нè внесат во „филмот“.
Еве ги нашите предлози:
The Christmas Chronicles 2
Кејт Пирс повеќе не е малото девојче од првиот дел на филмот. Таа е веќе тинејџерка, а нејзиното семејство има нови членови. Нивната идеја за празниците е егзотичен остров. Додека друго младо момче се обидува да го уништи Божиќ засекогаш, Кејт повторно се сретнува со Дедо Мраз.
Klaus
Џаспер е практично безнадежен. Откако покажува дека е најлошиот поштар на светот, неговиот татко го испраќа на Северниот пол за да го научи „занаетот“. Џаспер открива дека таму се крие Дедо Мраз.
Let It Snow
Мало гратче е затрупано од снежна бура. Наскоро, група на пријатели се соочуваат со секојдневните предизвици – љубов, загуба, откривање и пронаоѓање на себеси. Божиќното утро ќе донесе многу промени и повеќе ништо нема да биде исто.
Holiday in the Wild
Сопругот на Кејт ѝ соопштува дека сака развод. Таа тргнува сама на вториот меден месец во Африка. Таму го запознава Дерек, пилот, со кого спасуваат мало слонче во дивината. Наскоро Кејт ќе почне да се вљубува во новото опкружување.
Last Christmas
Катарина работи маскирана како виленик во продавница која очигледно функционира во текот на целата година, не само за новогодишните празници. Нејзиниот живот е хаотичен, сè додека не го запознае харизматичниот Том.