Колку погрешно се претставени Французите во „Emily in Paris“?
Веројатно една од најпопуларните серии на Нетфликс моментално е „Emily in Paris“. Девојка од Америка заради работата се сели во Париз и го започнува животот во француската престолнина.
Бројни критики се упатени на серијата која се споменува дека би требала да биде новата замена за „Сексот и градот“, пред сè заради фактот што е дело на истиот продуцент Дарен Стар и истата стилистка Патриша Филд. Но, кога ќе ја видите чантичката со реси која Кери Бредшо ја носеше пред 20 години...
И покрај комбинацијата од мода, перфекција, актери кои глумат на ниво – сепак, продуцентот е осуден заради начинот на кој ги претставува Французите.
Која е погрешната претстава која се добива од серијата, од аспект на една Французинка:
1. За станот во кој живее Емили, велат дека е „chambre de bonne“. Ова се всушност мали студија во кои најчесто живеат студенти. Станот на Емили, апсолутно не претставува нешто вакво – голем опремен стан со прозори и опремена кујна.
Ова од прилика би било chambre de bonne.
2. Да, Париз е прекрасен, но честопати знае да преморува и да биде прилично валкан. За Емили, Париз е совршен град исполнет исклучиво со љубов и прекрасни места.
3. Нема шанси вибратор да влијае на прекин на струјата во цел округ во Париз.
4. Не е точно дека не сакаме да работиме, и доаѓаме секогаш на време на работа. Најчесто работното време е од 8.30 или 9.00 часот па сè до 19.00 часот.
5. Ако Емили сака луѓето да се љубезни кон неа, можеби би било добро да ги научи локалните обичаи и основните манири. Ако влегуваш во продавница, не мораш веднаш да се истакнуваш со „Bonjour!“ и потоа да продолжиш со прашања на англиски.
Доколку јас како Французинка отидам да работам во Америка, со сигурност нема да зборувам на француски и да ги подучувам луѓето како тоа ние правиме во Франција.