10 серии кои привлекуваат најмногу внимание оваа есен – вреди ли да се започнат?
Подготвени за нови серии кои имаат навистина многу потенцијал? Оваа есен се покажа како прилично плодна кога станува збор за ТВ сериите – ги има толку многу што одвај ќе изберете што да почнете прво да гледате.
Дефинитивно преовладуваат драмите со примеси на трилер и хорор, но има по нешто за сечиј вкус:
The Third Day
Сем и Хелен пристигнуваат на мистериозен остров во близина на британскиот брег во различни временски периоди. Но, и двајцата се сведоци на чудни, необични и необјасниви настани за време на нивниот престој.
Ratched
Млада сестра која работи во психијатриска институција станува огорчена и опсесивна. Полека се претвора во вистинско чудовиште кон своите пациенти.
P-Valley
The Pynk е популарен стриптиз клуб во Мисисипи. Мистериозната Autumn пристигнува во клубот чиј сопственик е нејзиниот роднина Клифорд, а Мерцедес е една од главните танчарки во истиот.
I May Destroy You
Животот на Арабела се менува откако ќе биде сексуално нападната во ноќен клуб. Таа започнува да го преиспитува целиот свој живот, работата, фамилијата и пријателите.
The Outsider
Според истоимената новела на Стивен Кинг, истрагата којашто започнува сосема едноставно и нормално, води кон убиство на мало момче. Натприродни сили се секако замешани за помистичен и подобар ефект на настаните.