10 нови романтични комедии од 2020 кои одлично ќе ве расположат
Иако оваа година е можеби една од најлошите со кои се соочуваме, на сите ни е потребна доза смеа и релаксација која ќе нè опушти.
Доколку сте расположени за нови, романтични комедии од 2020 година, имаме 10 предлози за вас и претстојниот викенд:
Isi & Ossi (2020)
Изи е ќерка на милијардер која има многу поинакви соништа од оние на нејзините родители. Ози е син на самохрана мајка која одвај врзува крај со крај, и има само еден сон – да стане професионален боксер. Двајцата се спојуваат на најнеочекуваниот начин во потрага по својата лична среќа.
Love Wedding Repeat
Хејли се мажи, а нејзиниот брат Џек е задолжен венчавката да помине без никакви проблеми. Сепак, се појавуваат многу пречки – од поранешната девојка на Џек, до момчето кое ја следи Хејли и доаѓа ненајавено на нејзината свадба за да ѝ искаже љубов.
The Lovebirds
Лејлани и Џибран се на раб на раскинување на врската. Неочекувано двајцата се вплеткуваат во мистериозно убиство. Обидувајќи се да ја докажат својата невиност, започнуваат да си ги преиспитуваат чувствата и одлуките.
The High Note
Меги работи како асистент на славна пејачка на која ѝ недостасува инспирација за нов албум и нови песни. Кога Меги ќе го покаже својот талент за продукција, работите се заплеткуваат.
To All the Boys I’ve Loved Before: P.S. I Still Love You
Врската помеѓу Лара Џин и Питер се зацврстува, но неочекувано се појавува едно од момчињата на коешто Лара претходно му испратила љубовно писмо.