Inside Out ни покажува дека депресијата е сериозен проблем - Најважните лекции што ги научивме од популарните анимирани филмови

Кога сте тажни или кога не се чувствувате најдобро, цртаните се одличен начин да си го подобрите расположението.

inside-out-ni-pokazhuva-deka-depresijata-e-seriozen-problem-najvazhnite-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-popularnite-animirani-filmovi-01.jpg

Обично мислиме дека овие филмови се направени само за да ги забавуваат децата, но факт е дека речиси сите кријат многу важни животни лекции. Всушност, ако им обрнете внимание, ќе се изненадите од „длабочината“ на нивните приказни и пораки.

Во продолжение погледнете ги најважните лекции што ги научивме од популарните анимирани филмови:

Во филмот Up се обработуваат теми како спонтан абортус, но и депресијата што доаѓа потоа.

Штом Ели, сопругата на главниот лик, дозна дека е бремена, веднаш ја среди детската соба. Но, наскоро ѝ соопштија дека го изгубила бебето. Многумина сметаат дека оваа љубовна приказна е една од најтажните.

inside-out-ni-pokazhuva-deka-depresijata-e-seriozen-problem-najvazhnite-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-popularnite-animirani-filmovi-02.jpg

Во Dumbo имаме можност да го видиме ужасниот третман што го добиваат животните во забавната индустрија. Истовремено, го гледаме лошото влијание од разделбата на Дамбо и неговата мајка.

inside-out-ni-pokazhuva-deka-depresijata-e-seriozen-problem-najvazhnite-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-popularnite-animirani-filmovi-03.jpg

Во Lilo & Stitch гледаме како изгледа кога некој ќе ги изгуби најсаканите. Ова најмногу се забележува кога Лило раскажува како нејзините родители загинале во сообраќајка, а потоа вели дека се чувствува изгубено.

inside-out-ni-pokazhuva-deka-depresijata-e-seriozen-problem-najvazhnite-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-popularnite-animirani-filmovi-04.jpg

Креаторите на Zootopia ни покажуваат колку е глупаво да правиме разлика помеѓу биолошките разлики и расите на луѓето. Филмот сака да ни покаже дека стереотипите се погрешни и дека сите треба да соработуваме, без разлика на потеклото.

inside-out-ni-pokazhuva-deka-depresijata-e-seriozen-problem-najvazhnite-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-popularnite-animirani-filmovi-05.jpg

Во Inside Out гледаме како се развива депресијата кај малата Рајли. Филмот ја прикажува депресијата како сериозен проблем, кој има големо влијание врз однесувањето и животот на личноста.

inside-out-ni-pokazhuva-deka-depresijata-e-seriozen-problem-najvazhnite-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-popularnite-animirani-filmovi-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...
10 филмови од 2024-та кои се фаворити за Оскар Второто продолжение на Dune се очекува да освои уште повеќе статуетки од првото,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg