Болеста на Берлин не постои - Детали кои ви поминале незабележано во „La Casa de Papel“
-->
Убедливо најгледаната шпанска серија на Netflix продолжува да руши рекорди благодарение на мистеријата која секоја нова епизода ја носи во себе.
Секој детаљ во La Casa de Papel е внимателно осмислен и реализиран, а дел од епизодите се преснимувани по десетици пати за да се избегнат и најситните грешки.
-->
Но, што е она што можеби не ви паднало во око додека ја гледавте серијата или воопшто не сте го знаеле?
1. Првото име на проектот бил Los Desahuciados, што во превод би дошло Протераните.
2. Ликот на Токио бил инспириран од Натали Портман, односно нејзината улога Матилда.
3. Воведната, првата епизода била преснимувана 52 пати, за да се „испеглаат“ сите недостатоци и детали.
-->
-->
4. Професорот не носи очила во приватен живот.
-->
5. Болеста на Берлин е измислена и не постои како дијагноза во реалниот живот. Целта било ликот да се долови како безгрижен, бидејќи контрадикторно, во исто време, судбината однапред му била одредена.
6. Осло, Москва и Најроби имале различни имиња – Валенсија, Чернобил и Камерун.
-->
7. Жолтата боја била забранета да се појави во серијата, бидејќи продуцентот Алекс ја смислил и шпанската серија Vis a vis или Locked Up, каде доминантна боја е жолтата, па не сакал луѓето било како да ги поврзат двата проекти.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд
Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека...
Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...
„Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови
Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
Ги гледав првите две епизоди од серијата „Сабја“ за атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ – Зошто не можам да г...
Зошто Зоран Ѓинѓиќ бил убиен? Кој бил радикалниот чекор што тој го направил за д...
Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата?
Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...
Серијата „Сабја“ е посветена на атентатот врз Ѓинѓиќ од 2003-та година: „Не сакавме да го прикажеме ...
„Не сакавме да зборуваме за некој спасител. Еден дел од Србија го идеализира Зор...