Зошто гледањето серии ни создава зависност?

Ако сте обожавател на серии, сигурно не можете да ја дочекате следната епизода. Во слободното време, првото нешто што го правите е вклучување на вашиот лаптоп за да го надоместите вашето пропуштено време. 

zosto-gledanjeto-serii-ni-sozdava-zavisnost-001.jpg

Кога излегувате на кафе со пријателите или додека сте на работа, ги раскажувате работите што им се случиле на вашите омилени херои. Откријте од каде потекнува таа зависност и зошто сериите создаваат зависност.

Во последно време се чини дека сериите станале повеќе популарни од филмовите. Факт е дека се позастапени од порано, а снимањето трае повеќе од една сезона.

Можеби самата количина и можноста за детално разработување на приказната нé врзува за екраните.

Возбудата не престанува со крајот на епизодата

Откако ќе ја изгледаме епизодата од нашата омилена серија, возбудата и напнатоста продолжуваат, бидејќи сакаме да видиме што е следно, што не е случај со филмовите. Филмовите на крајот ни ги даваат одговорите што ги бараме, приказната е заокружена и продолжуваме понатаму.

Се соживуваме со главните ликови

Заплетот на серијата го следи животот на главните ликови низ сезоните, така што не ни е тешко да се поврземе со нив. Понекогаш и филмовите го имаат овој ефект, но поретко. Така е и во животот, секогаш ни се поважни врските што траат многу години, а не неколку дена.

Знаеме кога и како ќе гледаме

Секој ден го чекаме моментот да ја гледаме омилената серија, обично пред спиење, кога ќе можеме да се опуштиме и да уживаме. Можеме да избереме дали сакаме да гледаме една или повеќе епизоди.

Не постојат правила, сé што е потребно е да се препуштиме.

Постојат предности и недостатоци

Додека ја гледаме серијата, развиваме емпатија, ги прошируваме перспективите, ги отфрламе предрасудите и имаме можност да ги видиме секојдневните искуства на ликовите.

Сепак, не претерувајте, ограничете го вашето време пред екранот за да не станете зависни. Така ќе избегнете вознемиреност, напнатост или депресија кога нема да можете да гледате нова епизода поради некоја причина.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата? Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
Стереотипи од турските серии заради кои секогаш превртуваме очи Сите ликови се нашминкани дури и кога се будат од спиење. Секогаш главните ликов...
Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...
10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека...
10 крими серии на Нетфликс што ќе ви го пополнат слободното време Ozark и Narcos доколку сакате серии со картели, или Brooklyn Nine-Nine ако сте р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg