„Игра на тронови" – зошто е толку популарна оваа серија?

Насилството, секс, ненадејната смрт на главните ликови, змејови и волшебници - се чини дека ова е добитна комбинација поради која „Игра на тронови“ стекна планетарна популарност. Серијата е снимена според книгата „A Song of Ice and Fire“ на Џорџ Р.Р. Мартин, која направи вистински „бум“ меѓу гледачите низ целиот свет. Огромната популарност на книгите и серијата нè тера да се запрашаме зошто е толку привлечна за јавноста?

Igra na tronovizosto e tolku popularna ovaa serija 01

Серијата „Игра на тронови“ претставува еден вид феномен. Поради медиумите, кои постојано пишуваат за оваа серија, и верната публика, која возбудено ја анализира секоја епизода, денес ретко кој не слушнал за крвавата приказна на Мартин.

„Игра на тронови“ спаѓа во епска фантастика, што се однесува до жанрот, а тајната на нејзината популарност, покрај огромниот маркетинг, веројатно се крие во архетипските теми.

Борба за моќ, љубов, одмазда, предавство, солидарност…ова се теми кои секогаш ќе бидат актуелни. Доколку се додадат сексуално експлицитни сцени, социјални табуа, екстремни и нецензурирани сцени на насилство добиваме комбинација на која тешко можеме да ѝ се спротивставиме.

Како и филмската адаптација на „Господарот на прстените“, со која честопати се споредува, иако овие две приказни немаат многу заеднички теми, (освен што се работи за епска фантастика), и оваа адаптација е дочекана од голема група фанови на Мартин, кој веќе имаше, речиси, митолошки статус во тие кругови.

Igra na tronovizosto e tolku popularna ovaa serija 02

Со импресивната и скапата продукција, со голотија и епска заднина можат да се пофалат и други серии, како на пример, „Спартак“, но оваа серија не го постигна таквиот успех, веројатно бидејќи зад себе немала голем тим на сценаристи и силна приказна.

Постои уште еден важен елемент без кој „Игра тронови“ можеби немаше да биде култна серија во одредена демографска и супкултурна група или глобален феномен. Оваа серија е мулти-платформски медиумски настан на повеќе нивоа, а не само телевизиска серија.

Епизодите се објавуваат на друштвените мрежи, се дискутираат на Твитер, а постојат и многу групи на Фејсбук наменети исклучиво за дискусии.

Медиумите не пишуваат само за одредени теории, анализи или ликови. Се пишуваат и статии за одредени детали во серијата, без коментирање на приказната. Некои списанија спроведуваат анкети, а некои имаат листа на имиња за бебиња инспирирани од серијата.

Igra na tronovizosto e tolku popularna ovaa serija 03

Сè на сè, големиот материјал кој може да се пронајде за серијата, истата во вистинска смисла на зборот ја прави глобален феномен.

Во оваа приказна нема добро и зло, така што секој лик во себе носи доблести и слабости кои ги манифестира. Публиката лесно се поврзува со ликовите, ги сакаат или ги мразат уште од првите епизоди.

Друга значајна карактеристика е шпекулација. Кој ќе го преземе тронот? Сите тајно се надеваат дека нивниот омилен лик на крајот ќе седне на железниот трон, доколку преживее. Она што ја одржува оваа серија е неизвесноста. За оваа неизвесност особено придонесуваат ненадејните пресврти во приказната.

Кога сè ќе се сумира, „Игра на тронови“ е успешен проект зад кој стои голема продукција, одлични актери и интересно сценарио. Бидејќи има добра претходна заднина (луѓе кои ги сакаат книгите) и бидејќи самата серија има големо медиумско внимание, можат да се скријат некои очигледни дефекти кои ги иритираат индивидуалните гледачи.

„Игра на тронови“ е проект кој едноставно не можеше да пропадне.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Ги гледав првите две епизоди од серијата „Сабја“ за атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ – Зошто не можам да г... Зошто Зоран Ѓинѓиќ бил убиен? Кој бил радикалниот чекор што тој го направил за д...
Серијата „Сабја“ е посветена на атентатот врз Ѓинѓиќ од 2003-та година: „Не сакавме да го прикажеме ... „Не сакавме да зборуваме за некој спасител. Еден дел од Србија го идеализира Зор...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека...
Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата? Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg