Нови одлични серии кои треба да почнете да ги гледате уште денес
Точно на средината сме од 2018 година, а таа веќе донесе нов бран на ТВ серии кои се закануваат да ни го украдат слободното време.
Доколку сте од оние кои ги разденува кога започнувате со гледањето на добра серија и додека се свестите сонцето веќе изгреало, а вие сте на епизодата бр. 6, продолжете да читате понатаму.
И секако, започнете со гледање на некој од нашите предлози (доколку веќе не го правите тоа):
Unsolved: The Murders of Tupac and the Notorious B.I. G.
Насловот објаснува сè, серијата која ја бележи првата сезона со вкупно 10 епизоди ги следи истрагите околу убиствата на најпознатите рапери на сите времиња, Тупак Шакур и неговиот ривал Биги Смолс.
https://www.youtube.com/watch?v=fj5ifXEW6dw
Trust
Богатиот тајкун Џон Пол Гети одбива да го плати откупот на злосторниците кои го киднапираат неговиот најстар внук во Рим во 1973 година. Тој се сомнева дека злосторството е инсценирано од страна на неговиот внук кој само сака да дојде до неговите пари.
The Assassination of Gianni Versace: American Crime Story
Втората сезона на популарната серија се обидува да го расветли убиството на италијанскиот дизајнер Џани Версаче, хронолошки поврзувајќи ги настаните кои довеле до злосторничкиот чин.
Patrick Melrose
Екранизиранa според истоимената новела на Едвард Сент Обин, брилијантниот Бенедикт Камбербач ја толкува улогата на комплексниот проблематичен Патрик Мелроуз кој е сосема убеден дека може да се откаже од дрогата и останатите пороци во истиот момент кога ќе го посака тоа.
https://www.youtube.com/watch?v=JQh36eStMqk
Killing Eve
Ив Поластри е вработена во MI5 и започнува да ја следи опасната Виланел, која е платен убиец и исклучително психопатска личност. Додека трае играта на мачка и глушец, двете се опседнуваат една со друга.
https://www.youtube.com/watch?v=Kk0PyD-XNZA
(О)Милена | Црнобело