Хорор ликови од кои стравувавме во минатото
Филмовите не само што знаат да нé забавуваат, тие истовремено знаат и да ни предизвикаат кошмари.
Креирани како фиктивни ликови за хорор приказни, голем број на култни ликови станаа честа помисла на луѓето, не поради актуелноста, туку поради непосакуваните мисли дека нешто слично може и на нив да им се случи.
Во продолжение следува листа на хорор ликови од кои стравувавме на времето:
Фреди Кругер
Сите оние кои на времето беа опседнати со серијалот „A Nightmare on Elm Street“ имаат поминато низ кошмари соочувајќи се со самиот Фреди.
Изгорениот сериски убиец кој своите жртви ги убива на сон и тоа со ракавица со сечила стана култна икона од кој сите стравуваа, а истовремено со нетрпение го чекаа секое ново продолжение.
Џејсон Ворхес
Кога ќе се спомене петок 13-ти имаме некакво чудно претчувство дека може да ни се случи нешто лошо и токму на овој ден најчесто ја гледавме американската франшиза „Friday the 13th“ соочувајќи се со убиствата на Џејсон Ворхес, кој како дете бил удавен на камп на Кристалното Езеро.
Е, неколку децении подоцна, локацијата станува проколната и посетителите пробуваат да избегнаат од смртните казни на овој монструм.
Самара
Кога за првпат се појави филмот „The Ring“ голем дел од луѓето беа возбудени и подготвени да се соочат со фиктивниот лик Самара, кое како девојче со натприродни моќи била фрлена во бунар од своите родители.
Целата приказна со видео касета и снимката која го предупредува гледачот дека ќе умре за седум дена навистина е интересна.
Ова е уште еден лик по кој ќе ги паметиме изминатите години како период на застрашувачки помисли со скици на Самара.
Автор: Е. Х. | Црнобело