10 сериозно заплеткани филмови кои ќе ви го разбуричкаат мозокот
Добриот филм не ве привлекува само автоматски кон екранот. Тој ве тера да размислувате додека го гледате, притоа не трепнувајќи ниту една секунда за да не го испуштите дејствието.
И вообичаено ве остава будни длабоко во ноќта или до разденување, размислувајќи за изгледаната содржина.
Доколку барате нешто возбудливо и многу повеќе од обична „лимонада“ филмчиња, ви ги препорачува следниве 10 кои со сигурност ќе ви го разбуричкаат мозокот:
Wind River
Млада агентка на ФБИ се здружува со локалниот ветеран со цел да го открие виновникот кој стои позади убиството на тинејџерка.
https://www.youtube.com/watch?v=zN9PDOoLAfg
Red Dragon
Култниот доктор Ханибал Лектор кој е во затвор ќе му помогне на специјалниот агент Вил (кој впрочем го затвори) да го пронајде серискиот убиец „The Tooth Fairy“.
A Ghost Story
Сопругот кој е починат се враќа како дух онака како што си го замислуваме во сите детски приказни со цел да се поврзе повторно со сопругата.
Non-Stop
Бил Маршал е човекот кој е назначен за сигурноста на патниците за време на меѓународен лет, кој почнува да добива терористички закани за авионот додека се обидува да дознае кој стои позади заканите.
Take Shelter
Прогонуван од визии и кошмари за крајот на светот, таткото кој стравува од апокалиптична иднина го внесува целиот свој ентузијазам во изградба на скривница за да го заштити семејството.
https://www.youtube.com/watch?v=I5U4TtYpKIc